Најстариот телевизор на светот кој сеуште работи наскоро ќе се најде на аукција. Бил направен во фабриката Маркони далечната 1936 година, а тогаш цената му изнесувала околу 100 евра. Сместен е во дрвена кутија од орев со поклопец на кој има огледало.


Од огледалото се рефлектира слика од екранот со дијагонала од 30 сантиметри. Сопственикот го купил само три седмици откако во Велика Британија започнала да се емитува програма. Со годините на него биле сменети 30 проценти од деловите и сеуште работи беспрекорно. Неговата почетна цена изнесува околу 8 илјади евра, но се очекува да достигне многу повеќе.