Најскапиот досега продаван апартман во Бруклин, со површина од 1000 мстрри квадратни, се продава за 32 милиони долари. Од станот истовремено може да се гледа на Менхетн, на Кипот на слободата и на Бруклинскиот мост, пренесуваат медиумите. Станот е на три нивоа и има 14 простории, вклучувајќи и шест сови од кои секоја има сопствен тоалет, сала за фитнес, кино сала, салон со единствен поглед, тераса од 23 квадрати со простор за скара.

 

Во рамките на станот има и вински подрум во кој можат да се сместат до 3500 шишиња. Моментален сопственик е Стјуарт Лиф, основач на еден инвестициски фонд, кој смета дека овој стан за него и за неговата сопруга е премногу простран. Објаснил дека еден ден додека бил во станот повеќе од три часа примил повик од сопругата која го прашала кога се враќа дома. Тогаш сватиле дека станот е премногу голем за нив двајца и решиле да го продадат.