Најскапата селска куќа во Велика Британија се продава по цена од 75 милиони фунти. Се наоѓа во селото Виндлшем, изградена е 2002 година на имотот кој во седумдесеттите години од минатиот век му припаѓал на принцот Сами Гајед од Египет. Објектот, кој се наоѓа на 48 километри од центарот на Лондон, има 24 спални соби и 23 тоалети, а за неговата изградба биле користени некои од најретките материјали на светот, воглавно италијански мермер.
Вилата има и кино со 50 седишта, куглана, теретана, терен за сквош, осветлено тениско игралиште, вински подрум и соба за паника. Во нејзиното соседство живеат и Елтон Џон о гитаристот на групата „Квин“ Брајан Меј. Внатрешноста на вилата речиси целосно изгорела во пожар во 1987 година, кога големо невреме срушило дрво и ја оштетило цевката за плин. Потоа куќата ја купиле двајца инвеститори кои во меѓувреме банкротирале.