Во Рим на продажба бил ставен најмалиот стан на светот. Иако има само 5 квадратни метри неговата цена изнесува околу 50 илјади евра, а интересот за него е многу голем. Се наоѓа во самиот центар на градот во кој цените на становите се меѓу најскапите на светот.
Станчето се состои од соба со када, лавабо и тоалет, како и скали кои водат до делот каде се наоѓа креветот. Единствениот прозорец се отвора со качување над креветот. Еден од соседите на идниот станар ќе биде и италијанскиот премиер Силвио Берлускони чија приватна резиденција се наоѓа на аголот од улицата во која се наоѓа станот.