Јајцето кое на почетокот на 17-от век го положи веќе изумрената голема птица – слон од Мадагаскар и кое претставува редок антиквитет е ставено на аукциска продажба во Лондон со почетна цена од 500 фунти.

Необичното јајце е високо 33 сантиметри и има обем од близу еден метар. Птицата слон не летала, била висока околу три метри и тешка половина тон.


Таа угинала во средината на 17-от век поради претераното ловење. Нејзините јајца кои се поголеми за 300 пати од јајцата на кокошката се поголеми дури и од јајцата на диносаурусите. Организаторите на аукцијата истакнуваат дека овие јајца се многу ретки и многу барани од колекционерите и ентериерните декоратери. Во светот денес постојат само неколку примероци на ова јајце. Тоа се всушност оние јајца кои истражувачите во текот на 19-от век успеале да ги реконструираат со помош на деловите од лушпите пронајдени во старите гнезда на островите во Индискиот Океан.