Најголемиот портокалов “вивд“ дијамант ќе биде понуден на аукција на 12 ноември во Женева, соопштила аукциската куќа Кристи, која 14,82 каратниот дијамант со необична боја го проценила на 17 до 20 милиони долари. Дијамантот во облик на бадем ќе биде главен на лицитацијата која Кристи традфиционално ја организира секој ноември во Женева. Само еден ден подоцна, на 12 ноември, конкурентската куќа Сотби ќе го понуди најголемиот розе дијамант на светот кој лесно би можел да достигне астрономски 60 милиони долари.
Меѓу останатите ретки парчиња кои ќе се најдат на аукцијата на Кристи се и огрлица од дијаманти и смарагди која и припаѓала ан египетската принцеза Фавзија, една од петте сестри на кралот Фарук. Огрлицата се проценува на 2,7 до 3,7 милиони долари. Кристи ќе понуди и раскошен брош, со модерен дизајн, дело на младата кинеска стилистка Ана Ху. Анречен “Азурен брег“, брошот би можел да достигне цена од 2,5 до 3,5 милиони долари.