Најголемата скара на светот, на која истовремено можат да се испечат четири тона место, понудена е на онлајн аукција за 350 илјади долари. Според пишувањата на лондонските медиуми, огромната скара, која се транспортира исклучиво со камион, долга е 23 метри и тешка околу 40 тони.

 

Има 24 посебни решетки, а опремена е и со фрижидер, апарат за точење пиво, телевизор и стерео уред. Неговите сопственици Тери и Ким Фолсон од Тексас со него имале обичај да одат на „скараџиски турнеи“. Брачниот пар со скарата нудат и камион за негово превезување, за кој заинтересираниот купувач ќе мора да доплати 50 илјади долари.