Моторот на кој за потребите на спотот “Bound 2” Ким Кардашиан и Кање Вест страсно се мазеле и бакнувале, симулирајќи секс, ставен е на продажба преку Ибеј. Станува збор за модел Хонда CRF250X, на кој Кање е прегрнат со Ким која е топлес, додека возат низ долината Монјумент во американската држава Јута.

Цената е 7300 долари, а како продавач е наведена една продавница за мотори од Лондон. Покрај моторот на Ибеј била оставена порака дека моторот не бил чистен, така да на него останале траги од снимањето на спотот. Ете прилика љубителите на мотори или на Ким да купат нешто што секогаш ќе ги потсетува на неа, пишува покрај огласот за продажба.