Масата на која ирскиот писател Брам Стокер во 1897 година го напишал романот „Дракула“ во декември ќе се најде на аукција. Цената на антиквитетот би требало да достигне цена помеѓу 60 и 80 илјади долари. Реставрираната маса на аукција ќе ја понуди една компанија од Калифорнија.

Ногалките, кои некогаш биле пресечени, сега се обновени, а во масата била вградена и реплика на фиоката која недостасувала. Сегашниот сопственик на масата го најмил британскиот дизајнер Март Бразир-Џонс да ја реставрира истата. Тој настојувал да го сочува оригиналниот изглед, па дури и пукнатините на плочата. а додал и нови украси, мотиви на лилјаци и рози изрезбани во дрвото.