Голема вест за почитувателите на ликот и делото на Џена Џемисон, порно кралицата и добитничка на порно Оскар за ѕвезда на годината. Нејзиниот Ламборџини деновиве е понуден на е-bay онлајн аукцијата.


Ламборџинито е произведено во 2002 година, а до денеска има поминато 18 750 км, неизмерливо помалку од неговата претходна сопственичка. Автомобилот нема претрпено дополнителни модификации, и што е поважно, тој е во одлична состојба, што за Џена судејќи по последните снимки и неможе да се каже.


Да споменеме уште дека на автомобилот е направен голем ремонт вреден 13 000 долари.

Инаку, Џена најави повлекување од порно-индустријата. И како што кажува, сака да се повлече додека е сеуште на врвот.