Еден од најретките автомобили во светот, купето „Мајбах ксенатек 57С крузеро“, направено по нарачка на либискиот лидер, покојниот полковник Моамер Гадафи, е понудено на продажба во Холандија.
Возилото, коешто беше комплетирано дури по смртта на Гадафи, беше понудено на продажба од специјализираната автомобилска компанија за егзотични возила, „Лајтнер“.
Овој автомобил е придвижуван од 6-литарски АМГ ве-12 турбо-мотор од 604 коњски сили, со петтостепен автоматски менувач, кој забрзува од 0 до 100 километри на час за 5 секунди.
OhridNews