Куќата во која минатата година почина кралот на попот Мајкл Џексон, се продава за околу 20 милиони долари. Покојниот Мајкл месечно ја изнајмувал за околу 800 илјади долари, а во неа живеел заедно со своите три деца.
Се состои од седум соби, тринаесет бањи, и седум гаражи, а се наоѓа во Лос Анџелес. Нејзиниот сопственик за прв пат на продажба ја ставил во 2008 година, но потоа почнал да ја изнајмува. Сега сака да ја продаде дури и по пониска цена, само за да се реши од неа.