Куќата во предградието на Чикаго која станала славна благодарение на филмот „Сам дома“, од неодамна се наоѓа на продажба. Изградена е во дваесеттите години од минатиот век, но е многу добро сочувана и затоа нејзината цена изнесува 2,4 милиони долари. Многумина се сеќаваат на куќата како домот на семејството МекКалистер, и Меколи Калкин во улогата на Кевин кој сам се бореше против крадците.


Куќата имала три ката, кои се простираат на 394 квадратни метри. Сопствениците на куќата, Џон и Синтија Абендшин, во неа живееле само година и пол, кога славниот режисер Кристофер Колумбус им предложил да го снимаат филмскиот хит во нивниот дом.