Куќата во лондонското предградие Камден во кое Ејми Вајнхаус живеела и умрела била ставена на продажба за 2,7 милиони фунти. Агенцијата Хауснетворк ја опишала куќата на својот сајт како импресивна вила од 2500 квадратни метри, со три двојни соби, три салони и приватен парк.
Родителите на славната пејачка едно време размислувале во неа да ја сместат фондацијата „Ејми Вајнхаус“, но подоцна се премислиле и одлучиле да ја продадат. Никој од семејството не сакал да живее во куќата, а нејзиното одржување носело големи трошоци. Портпаролот на семејството изјавил дека куќата сигурно ќе биде среќен дом за некој друг.