Сино-белата куќа на плажата, во која Дона Мартин, лик од популарната серија „Беверли Хилс“, ја изгубила невиноста, се продава за девет милиони долари. Во оваа луксузна куќа од 270 метри квадратни се случувале сите журки и кавги на главните ликови од серијата: Бренда, Брендон, Кели, Дона, Дилан, Стив, Андреа и Дејвид, а меѓу останатото најпозната е по тоа што во неа Дона ја изгуби невиноста.


Лускузната куќа со шест спални соби и три големи тераси, била дом на јунаците од серијата додека сеуште биле бруцоши, а иако таа се наоѓа подалеку од градот, позната е по поштенскиот код на „куќата 90210“.