Еден американец ја понудил на продажба својата куќа која претставува верна копија на Белата Куќа, домот на американските претседатели. Фред Милани веќе седум години живее во смалената верзија на Белата Куќа во Атланта. Приморан е да ја продаде поради светската економска криза.
Баш како и вистинската, оваа градба од повеќе од 5000 метри квадратни има своја овална соба, соба посветена на Линколн и голем базен во градината. Луѓето кои живеат во близина имаат поделени мислења за импресивната куќа. Едни се против, а други се воодушевени што живеат во нејзина близина. Според локалните медиуми таа се продава по цена од 10 милиони долари.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com