Познат замок од 12 век кој се наоша во италијанската регија Тоскана е ставен на продажба, објавиле италијанските медиуми. Во текстот се наведува дека сопствениците едноставно не можат повеќе да си приопштат да плаќаат данок и давачки за истиот, па со тешко срце одлучиле на ваков чекор. Цената на замокот е 32 милиони долари.

 

Овој тоскански замок се наоѓа на голема површина и претставува имот од соништата. Имотот има поле со маслинки и неколку големи лозја со најквалитетни сорти грозје. Самиот замок има дури 115 спални соби, кои последен пат биле уредени во 18 век, и имаат и значајна историска вредност.