Адолф Хитлер во екот на Втората светска војна, при морските операции, наложил изградба на овој бункер, во кој било предвидено на секои 56 часа да се произведе по една подморница.

Импозантната бетонска градба, долга 426, широка 97 и висока 25 метри, со ѕидови широки 7 метри, меѓутоа никогаш не е користена.


Сојузниците во 1945 година ја бомбардирале недовршената бункер-фабрика, чија изградба започнала 18 месеци претходно.

После војната имало предлози бункерот да се крене во воздух, но за тоа би било потребно 500 тони експлозив, а експлозијата би разнела поголем дел од околните градби.

Бункерот го превзела германската војска, која еден дел го користела како магацин.

Меѓутоа поради големите трошоци за одржување, кои се проценуваат на 800.000 евра годишно, Бундесвер одлучил бункерот да го стави на лицитација.

„Овој бункер не би требалода се продава, како од финансиски така и од морални причини“, смета градоначалникот на Бремен, Јенс Бернсен.

Новиот сопственик ќе мора да се обврзи дека барем еден дел од бункерот ќе го претвори во меморијален центар во знак на сеќавање на жртвите на присилна работа.

Најмалце 12.000 работници – логораши, принудени работници и заробеници биле ангажирани за изградбата на овој реќиси фараонски проект за кој се искористени 1.232.000 тони цемент.