Грамофон кој Елвис Присли го подарил на германката Елен Маршхаузер како свадбен подарок ќе биде ставен на аукција на 12 декември, а проценет е на 2000 фунти. Маршхаузер ја запознала легендата на рокенролот на една забава во Бад Наухајм во 1959 година. Елвис, кој во тоа време служел воен рок во американската база во Германија, и го подарил грамофонот во знак на благодарност што му помогнала на неговиот татко Вернон околу некој превод.
Фрамофонот „Perpetuum Ebner Musical 5v Luxus“ со три брзини и вградено појачало, веќе предизвикал огромно интересирање меѓу фановите на кралот ширум светот. Џим Џенкинс, сопригот на Маршхаузер која починала во 2010 година рекол дека го користеле на забави и имал одличен звук. Иглата се скршила, па го однел на таванот, мислејќи дека еден ден ќе го поправи.