Градоначалничката на американското гратче Преј ги повикала сите заинтересирани кои сакаат да управуваат со градот да и се јават. Гратчето Преј во американската држава Монтана се продава за 1,4 милиони долари. Неговата површина е нешто поголема од 20 илјади метри квадратни, а оној што ќе го купи во пакет ќе добие 681 жител, како и сите продавници и претпријатија.

Градоначалничката изјавила дека гратчето не се развива и дека некој друг можеби подобро ќе ги води работите во него. Таа тврдела дека немало криминал и дека бил сигурен за живот. Ја сакала својата работа, но со секоја година и станувала се потешка и потешка. Функцијата ја наследила од својата мајка, а бидејќи немала на кого да ја пренесе, одлучила да го продаде гратчето.