Една фарма, чија површина е поголема од државата Андора била понудена за продажба во Австралија, а нејзината сопственичка се надева дека би можела да достигне цена од 350 милиони австралиски долари.
ФАрмата има површина од 570 квадратни километри, 102 повеќе од Андора. Се наоѓа на границата меѓу Нов Јужен Велс и Квинсленд, а низ неа поминува река во должина од 80 километри.