Бисерот со име „Принцеза Палаван“, вториот најголем бисер некогаш пронајден на светот и проценет на сума од 275 илјади евра, ќе биде ставен на продажба наредната седмица во Лос Анџелес. Бисерот тежок 2,25 килограми и со дијаметар од 15,24 сантиметри, е со неправилен облик и потсеќа на човечки мозок.


Има боја на бел порцелан. на потенцијалните купувачи ќе им биде понуден со џиновската школка во која бил пронајден во водите на Филипините, соопштила аукциската куќа која ќе ја спроведе продажбата. Лицитацијата е закажана за шести декември во природонаучниот музеј во Лос Анџелес.