Личниот автомобил на англиската кралица Елизабета Втора, „Jaguar Daimler Majestic“, бил понуден на аукција со почетна цена од околу 90 илјади долари, а се очекува да достигне многу повисока вредност. Автомобилот сеуште ги има регистарските таблички кои ги користела кралицата.
Продавачот Питер Ретклиф рекол дека ова е единствена можност за купување автомобил кој е изработен исклучиво за кралицата. Автомобилот до сега поминал 22 илјади километри,а е произведен во 2001 година. Кралицата го користела до 2004 година.