Се продава апартманот од кој на 3-ти мај 2007година исчезна малата Медлин Мек Кејн.Сопственичката за него бара 250.000 долари. Двособниот апартман во португалското одморалиште Праиа да Лус е во сопственост на Рут Мек Кејн, која е во род со унесреќеното семејство, јавува Скај Њус.
Апартманот 5А ќе биде во продажба следната недела, а исто така и соседниот 5Б, во кој за време на исчезнувањето на девојчето биле сместени пријателите на семејствот Мек Кејн, Метју и Рејчел Олдфилд.