Полицијата од Денвер потврдила дека Арон Сиберс (29) сам се прободил со нож за да не оди на работа. Тврдел дека го нападнале тројца скинхедси или Мексиканци облечени во црно.
Полицијата го уапсила откако признал дека сам е одговорен за убодот од нож во ногата и други сомнителни повреди по телот. Го обвиниле за лажна пријава и пречење во работата на полицијата. Пријавил дека е нападнат во видеотека во понеделникот. На местото пристигнале пет полициски патроли.