Студиото Ворнер Брос планира да сними серија за последните денови на Мајкл Џексон. Според електронските медиуми, серијата ќе се заснова врз книгата на Тејвис Смајли “Before you judge me: The triumph and tragedy of Michael Jackson’s last days”, која би требало да излезе во јуни 2016 година. Смајли со студиото Ворнер Брос веќе потпиша договор за филмска адаптација на книгата.

 

Засега не е познато кога книгата би можела да се појави на малите екрани. Покрај ова, најавен е уште еден проект врзан за кралот на попот кој почина пред шест години од срцев удар предизвикан од предозираност со лекот пропофол. Станува збор за трет постхумен албум кој наскоро ќе се најде во продажба со досега никогаш необјавени песни на Мајкл Џексон.