Ова е дел од активностите на Локалната самоуправа за зголемување на безбедноста на образовните институции во градов. До крај на месец август ќе се огради и просторот околу ОУ “Братство и единство”, кое е единствено без заштитна ограда. Тендерот за оградување ќе биде објавен во текот на наредната недела.
Ќе продолжи и поставувањето на видео надзор во училиштата во кои, до сега, не е поставен.
Од Локалната самоуправа потенцираат дека превземањето вакви мерки на безбедност, во и околу училиштата, е процес кој веќе подолго време се спроведува од нивна страна. Интензивирање на ваквите активности беше побарано и од страна на членовите на Комисијата за општествени дејности при Советот на општината кои минатата недела одржаа состанок, поведени од неодамнешниот случај кога во руинирана куќа во близина на основно училиште беа затекнати неколку ученички во друштво на наркозависници.