Во американската сојузна држава Јута се превртел камион со 25 милиони пчели, а министерството за земјоделство осмислувало план за нивно фаќање. Весникот „Desert News“ известил дека пчелите после несреќата ги нападнале возачот и совозачот на камионот, и дека тие биле префрлени во локалната болница поради давање на неопходната медицинска помош.
Властите ги советувале возачите да возат со затворени прозорци на делот од патот каде што се случил несаканиот инцидент.