На почетокот на празничниот викенд, на автопат во Индијана, од камион кој се превртел испаднале околу 18 тони сладолед. Полицијата ги известила граѓаните дека поради сладоледот кој испаднал од камионот морале да го стопираат сообраќајот на две ленти од автопатот. До несреќата дошло во петокот околу 16 часот. Возачот на камионот се обидел да се вклучи на автопатот и тогаш се превртел.
Вкусовите на сладоледот кој се нашол на патот биле најразлични, од ванила, чоколадо, карамела до повеќе видови овошје. Со оглед на тоа што кутиите со десертот останале неоштетени, а температурата била под нулата, изгледало дека сладоледот може да се спаси. на крајот бил собран и натоварен во друг камион. Возачот на камионот се здобил со помали телесни повреди и бил пренесен во локалната болница на преглед.