Сообраќајна незгода се случи вечерва на бул. Туристичка.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски, од засега непознати причини, патничко моторно возило, во кое бил само возачот, изгубило контрола и се превртело. Во несреќата е причинета материјална штета.
На местото на незгодата извршен е увид од страна на сообраќајната полиција.
OhridNews