Автомобил со скопски регистарски ознаки утрово се превртел кај новиот кружен тек на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Бистрица“.

Според нефицијални информации возилото кое се движело од влезот, кон центарот на градот, директно се удрило во извичникот на кружниот тек, по што изгубило контрола и се превртело на коловозот.

Во несреќата полесно бил повреден возачот на автомобилот и причинета е материјална штета.

На местото на насреќата веднаш излегле полициски службеници кои извршиле увид, по што ќе бидат соопштени повеќе детали за несреќата.

OhridNews