Сообраќајна незгода се случи попладнево на патот Охрид-Св.Наум, после Хидробиолошки завод.

Од засега се’ уште не утврдени причини патничко возило во кое се превезувале две лица, загубило контрола и се превртело, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Патниците се пренесени во специјалната билница „Св. Еразмо“. Увид на местото на настанот изврши полицијата, која ги утврдува причините за несреќата.

OhridNews