Британецот Адам Фурмингер од Челтенам се одрекол од 19 лименки Кока кола дневно, како и од мрсната храна и слатките. Внесувал по 6000 калории, од кои 2500 само од кока Кола. Откако обемот на струкот му достигнал 122 сантиметри се одлучил да престане да пие Кока Кола, и започнал да вежба.
Сега е полесен за 64 килограми и пократок во струкот за 30 сантиметри. Вели дека му било многу тешко да се откаже од кока колата. Признава дека станал зависен. Месечно трошел околу 300 евра на Кока Кола. Вели дека сеуште ја обожава, но и дека нема шанси да ја пие како порано.