Во германскиот град Хојерсдорф, јужно од Лајпциг, започна спектакуларна операција за преместување на црква стара 750 години,како би се ослободил простор за отварање на рудник на лигнит.

Црквата тешка 660 тони, одвоена е од темелите, подигната е на метар и пол висина и ќе биде префрлена на две платформи со тркала. Црквата ќе биде преселена во селото Борну, 12 километри од Хојерсдорф, каде трба да стигне на 31 октомври.

Камената црква е висока 20 метри со должина на страните 14, 5 метри, а на платформите треба да биде спуштена денес. При транспортот кој почнува во четврток, црквата ќе помине преку две реки и железничка пруга, а брзината на движење на компзицијата ќе биде два километри на час.

J.M.