Најмалку 74 лица го загубија животите во катастрофалниот пожар што ја зафати околината на главниот град на Грција Атина. Силниот ветер брзо го проширил пожарот, поради што многу луѓе останале затечени од ситуацијата во своите домови или автомобили, без можност да се спасат. Многумина во последен момент скокнале во морето.

Од бројните трагедии BBC ја издвојува таа во која настрадаа 26 лица, меѓу кои и деца. Бегајќи од огнената стихија тие стигнале до врв од бездна, кога виделе дека им нема спас, се гушнале и така умреле. Според медиумите се работи за блиски пријатели кои дошле заедно на одмор.

Во пожарот повредени се стотици луѓе, а голем број се водат за исчезнати.

Според првичните наоди од истрагата пожарот е подметнат, а се стравува дека бројот на настрадани ќе расте.

OhridNews