ЈП Билјанини Извори следејќи ја ситуацијата поврзана со корона вирусот, а во насока на заштита на здравјето на вработените на градскиот паркинг, донесе одлука од денес до 24 март да ги повлечи сите вработени од работните места на паркинзите.

Станува збор за работни места кои се директно изложени на комуникација со голем број на граѓани, така што оваа одлука се носи како превенција во насока на заштитата на здравјето на вработените, а со тоа и на пошироката јавност, велат од претпријатието. ПОтенцираат дека СМС системот за наплата останува во функција.

Сите дополнителни информации или барања во делот на јавниот градски паркинг сите заинтересирани граѓани, институции и компании можат да го направат на официјалниот е-маил: [email protected] или на следниот телефонски број 078/298-359.

OhridNews