Се зголемува процентот на сексуално активни 70 годишници, покажале  резултатите на анкетата спроведена во Шведска, која е објавена  во медицинското списание „British Medical Journal„.


После анкетирање на 1.500 луѓе од таа старосна граница, научниците дошле до заклучок дека од 1971 до 2001 година бројот на сексуално активни 70 годишници се зголемил од 52 на 68 проценти кај женетите мажи,односно  од 38 на 56 проценти кај мажените жени, како и од 30 на 54 проценти кај неженетите мажи и од 0,8 на 12 проценти кај немажените жени.

Повеќе од 50 проценти од испитаниците изјавиле дека се среќни со нивните партнери.