Се повеќе луѓе страдаат од номофобија
Номофобијата за прв пат е идентификувана во 2008 година. Научниците утврдиле дека во изминатите четири години бројот на номофобичарите е зголемен од 53 на 66 проценти. Резултатите од истражувањето на компанијата „СекјурЕнвои“ покажале дека номофобијата е најраширена кај младите лица, додека ова стравување е најретко кај лицата од 35 до 44 години.
Истражувањето исто така покажало дека жените повеќе стравуваат дека ќе го загубат својот мобилен телефон, и се смета дека овој резултат е поради фактот што мажите воглавно имаат по два мобилни, така што е помалку веројатно дека ќе ги загубат и двата.
Научниците велат дека овој страв е оправдан, бидејќи 58 отсто од луѓето во своите мобилни телефони имаат важни контакти и податоци поврзани со нивната работа.