Се поголем број американци редовно извршуваат работни задачи во тоалетот, покажале резултатите на едно неодамна спроведено истражување. Имено, во ерата на „опен спејс“ канцелариите, на вработените им е тешко да најдат малку мир и тишина како би се концентрирале, па затоа се почесто се изолираат во тоалетот. Истражувањето, со кое биле опфатени 800 вработени во Њујорк, покажало дека 13 проценти од нив редовно извршуваат некоја важна работна задача седејќи на тлаетната школка.
Според резултатите објавени на сајтот „BusinesInsider“, тио воглавно сакаат само да се тргнат од вревата која обично владее во канцелариите, во кои вработени располагаат со се помал простор. Телефонските повици се главна причина поради која вработените се изолираат во тоалетите, бидејќи можар на мир да разговараат со странките. Еден од испитаниците, кој работел во една голема мултинационална компанија, изјавил дека неодамна минал цело предпладне на телефонска конференција во тоалет.