Тезата за атентат и бомба во рускиот авион кој се сруши во Синај – Египет се потврдува и од анализата на црните кутии на Ербасот А321 на руската команија Метроџет. Како што француските медиуми го цитираат изворот на Франс прес, „бруталниот и ненадеен карактер“ на настанот го предизвика падот на авионот.
– Се е нормално, апсолутно нормално во текот на летот и брутално нема ништо повеќе, изјави изворот, пренсува дописникот на МИА од Париз.
Ова доаѓа од анализата на двете црни кутии на снимката на параметрите на летот и таа на разговорите во кокпитот на авионот. Првата кутија со параметрите на летот дозволила да се извлече овој заклучок. Истиот извор исто така подвлече дека фотографиите од остатоците од авионот, покажуваат како да се изрешетани од удари кои одат од внатрешниот кон надворешниот дел на авионот, што ја акредитира тезата за пиротехничко средство.
Еден од вклучените во истрагата, кој имаше пристап до црните кутии, под покритие на анонимност за француската телевизија Франс 2, објасни дека експлозијата не била последица на дефект на моторот.
Американски претставници соопштија дека пресретна разузнавачка преписка ја поддржува теоријата дека бомба го соборила авионот над полуостровот Синај во Египет минатата недела. Американски и европски претставници, меѓутоа, предупредија, дека конечниот форензички доказ дека авионот се урнал поради бомба се уште недостасува, како и дека се уште не е исклучена можноста дека до падот дошло поради механички дефект. Неименуван извор рече дека постојат контрадикторни разузнавачки податоци за тоа каде би можела да биде скриена бомбата во авионот.
Авионот „Ербас А321“ на компанијата „Когалимавиа“ се урна на 31 октомври на летот кон Санкт Петербург од Шарм ел Шеик, и загинаа сите 217 патници и седум членови на екипажот.
OhridNews
извор Утрински весник