Од јавното претпријатие „ Нискоградба“ информираат дека нивни екипи, денес, работаат на изведба на сливници и премини  за одведување на атмосферска вода  по целата должина на улицата „ Питу Гули“.

Од претпријатието потенцираат дека со овој потег се решава собирањето и одведување на атмосферските води  кои до сега се мешаа со канализацијата и претставуваа дополнително оптоварување на мрежата за одведување на отпадни води и колекторскиот систем.

OhridNews