Како и секоја година така и оваа, 18- те тезги на кои ќе се продаваат најразлични новогодишни украси, се поставуваат кај стариот чинар.


Цената на закупнината од денес до 10 јануари изнесува 5. 000 денари. Од ЈП Комуналец потенцираат дека како основен услов да се закупи тезга, е заинтересираните лица да поседуваат фискална каса или уплатен паушал во Управата за јавни приходи.


За жал и оваа година ќе изостане заменувањето на старите и неугледни новогодишни тезги со долгонајавуваните типски бараки во кои би се продавале украсите. – За нив потребно е да се обезбедат одобренија за поставување времени објекти кои до денес не се издадени. Затоа и ги поставуваме старите тезги кои се третираат како урбана опрема, велат од ЈП Комуналец.

OhridNews