Од страна на екипите на јавна хигиена при ЈП „Охридски комуналец“ деновиве беа поставени нови канти за депонирање на ситен отпад на улицата „Димитар Влахов“ и старата чаршија.
На улицата „15-ти Корпус“ и „ Железничка“ се отстрануваа наносите од песок и земја од зимското одржување на сообраќајниците, а се отсрануваше и ниската вегетација. Се изврши и реконструкција на дрворедот по улицата „АСНОМ“ и се засадија нови садници јасен, бидејќи голем број стебла во изминатиот период беа целосно уништени. Нови садници се засадени и во бетонската жардињера на булевар Туристичка“.
Од јавното претпријатие информираат дека од страна на поединци и понатаму продолжува несовесното однесување кон зелените површини. Во градскиот парк пред ФТУ-Охрид констатирано е оштетување на паркот од каде се откорнати шест садници од видот вертикална туја.
OhridNews