ЈП Водовод Охрид започна со изведба на нова водоводна линија за новиот комплекс згради во населбата Бејбунар.

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, посочуваат од Водовод, се поставува комбиниран цевковод од полиетиленски материјал во должина од 1305 метри и тоа:

  •  Профил ф160 мм во должина од 720 метри
  • Профил ф110 мм во должина од 537 метри
  • Профил ф90 мм во должина од 48 метри

Средствата во вредност од 11.973.439,00 денари, за реализација на проектот се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

 

Во првата фаза поставен е цевковод од полиетиленски материјал со профил ф160 мм во должина од 88 метри и два приклучоци за новоизградените објекти, информира ЈП Водовод Охрид.

OhridNews