Екипите на ЈП „Водовод“ започнаа работни активности за поставување на нова водоводна линија на улицата „Ирена Мирка Гинова“, информираат од Општина Охрид.

Со цел да се обезбеди навремено и квалитетно водоснабдување на жителите, се поставува цевковод од полиетиленски материјал, со профил ф63 во должина од 104 м, додаваат во соопштението.

Инаку, активностите се дел од годишната програма за водоснабдување на Општина Охрид.

OhridNews