Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со реализација на проектот за поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово.

Овој проект има за цел да го подобри снабдувањето со вода за пиење и да го зголеми квалитетот на животот на жителите на ова село. Работите се во тек, а завршувањето на проектот се очекува во најскоро време, информираат од ЈПКД-Дебрца.

Од Општина Дебрца посочуваат дека продолжува реализацијата на инфраструктурни проекти кои го подобруваат секојдневниот живот на граѓаните.

OhridNews