Денес, во населбата Далјан , кај каналот на улица „ Сатеска“, започнаа градежни активности за поставување на фекална канализација. Се поставуваат цевки Ф/200 во должина од 160 метри.
Како што потенцираат од локалната самоуправа, со овој зафат ќе се овозможи поврзување на околните куќи во системот за одведување на отпадни води, со што ќе се придонесе кон зачувување на животната средина и заштита на биодиверзитетот на Охридското езеро.
OhridNews