Деновиве започна поставувањето на нова енергетски ефикасна фасада на ООУ „Ванчо Николески“ во Лескоец.
Со овој зафат значително се подобруваат условите во овој објект и притоа се намалуваат трошоците поврзани со греење, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.
Дадовме ветување за посветен однос во подобрувањето на условите во сите воспитно – образовни институции и тоа го реализираме. Финансиските средства предвидени за овој зафат изнесуваат 1 564 984 денари, а се обезбедени од буџетот на Oпштина Охрид, потенцира Пецаков.
OhridNews