Јавното претпријатие „Нискоградба“ деновиве започна со градежни активности за поставување на атмосферска канализација на улицата „Питу Гули“, на делницата од пресекот со улицата „Марко Нестороски“ до кружниот тек на пресекот со улица „Јане Сандански“.

Во склоп на активностите ќе се изработат четири премини, една собирна шахта и пет сливници за собирање на атмосферската вода.

Од општина Охрид велат дека со одделување на дождовната вода од фекалната канализација се подобрува функционалноста на колекторскиот систем, а учесниците во сообраќајот ќе можат да се движат побезбедно во периодот на врнежи.

OhridNews