Од локалната самоуправа информираат дека со забрзано темпо се реализираат  активностите за изградба на најавените две нови кружни крстосници по должината на булеварот „ Туристичка“ на пресекот со улица  „Македонски Просветители“ и со улица „Стив Наумов“. Во моментов и на двата градежни објекти, екипи на охридските  јавни претпријатија вршат градежни зафати за поставување на нова атмосферска канализација и подготовка на теренот за претстојните градежни активности.

Кружната крстосница на пресекот на булевар Туристичка со ул. „Македонски Просветители“ е проект којшто Локалната самоуправа го реализира со средства од Светска Банка и негова договорена и проектирана цена е 10.397 636 денари.

Оваа кружна крстосница се состои од два кружни тека,првиот лоциран на јадрото  на булевар Туристичка со вкупен дијаметар од 24 метри и една помала кружна крстосница лоцирана на пресекот на ул. „Македонски Просветители“ со булеварот „Туристичка“ со дијаметар од 3 метри. Кружната крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул. „Стив Наумов“ е проект којшто локалната самоуправа го реализира исклучиво со сопствени средства. Вкупната проектирана цена по договор на овој проект изнесува 4.960 226 денари.

OhridNews